Омилени (0)

Моја продавница

0

Нашата одговорност

Свесни сме за влијанието кое нашата динамично растечка мрежа го има врз општествената заедница и природната средина. Ова е огромна одговорност, која ја сфаќаме многу сериозно. Ја развиваме мрежата на Pepco продавници и растеме како бизнис, но никогаш не престануваме да се грижиме за она што ни е важно.

Животна средина

Постојано бараме начини да го намалиме нашето влијание врз животната средина во сите сегменти на нашето работење од набавка, логистика, организација на продавници и канцеларии, до активности што ги реализираме во соработка со нашите добавувачи. Еве неколку примери:

Амбалажа

  • Во 2020 година започнавме со имплементација на нова стратегија за амбалажа, а во 2023 година ги формализиравме нашите цели и воведовме политика за амбалажа.
  • Нашите цели вклучуваат зголемување на уделот на материјали што може да се рециклираат и елиминација на материјали како ПВЦ, ПЕ и различни видови на ламинати таму каде што е можно. Друга област на дејствување ни е намалување на употребата на нови суровини во корист на рециклирани материјали.

Ефикасен транспорт

  • Во Pepco, користиме интермодален транспорт: нашите производи најчесто се пренесуваат по вода и копно.
  • Ги оптимизираме испораките директно од дистрибутивните центри до продавниците, т.н. „последна милја“. Во моментов, повеќе од 3.900 продавници директно се опслужуваат од пет дистрибутивни центри. Ова ни овозможува да ја скратиме дистанцата што производите ја минуваат до купувачите.
  • Во иднина планираме проширување на мрежата на дистрибутивни центри со цел дополнителна оптимизација на транспортот.

Кеси во Pepco

  • Во нашите продавници ќе најдете четири видови кеси за пазарење. Најпрвин, тука се EcoLoop кесите направени од рециклирана пластика со најмалку 80% рециклиран материјал. Овие кеси се сертифицирани со ознаката ‘Blue Angel’.
  • Второ, во некои земји достапни се и хартиени кеси од рециклирана хартија.
  • Трето, за оние што сакаат кеси за повеќе користења, нудиме памучни кеси (сертифицирани по Oeko-Tex Standard 100) и плетени пластични кеси.

"Better Cotton" иницијатива

Better Cotton е водечка светска иницијатива за одржливо производство на памук. До денес, BC има обучено 2,4 милиони фармери за поодржливи земјоделски практики: намалување на употребата на вода, грижа за почвата и природните живеалишта, намалување на употребата на пестициди и обезбедување добросостојба и права на работниците.Pepco е првата полска компанија што ѝ се приклучи на оваа иницијатива.Производи со знакот Better Cotton веќе се достапни на нашите полици. Better Cotton се набавува според моделот на снабдување наречен „систем на mass balance“. „Mass balance“ значи дека Better Cotton не може физички да се проследи во финалниот производ бидејќи се заменува или меша со конвенционален памук низ синџирот на снабдување.Со вложување во Better Cotton, исто така помагаме да се намали потрошувачката на вода и употребата на пестициди. Се проценува дека во 2025 година, преку оваа програма се заштедени 15.000 м³ вода и 9.031 кг пестициди!Со купување памук преку Better Cotton, придонесуваме за унапредување на стандардите во производството на памук и помош за земјоделците и локалната средина.

Дознај повеќе

Zero Discharge of Hazardous Chemicals (ZDHC) (Нула отпуштање на штетни хемикалии)

Како дел од спроведувањето на стратегијата на Pepco за одржлив развој, во мај 2024 година се приклучивме на иницијативата Zero Discharge of Hazardous Chemicals (ZDHC) и добивме статус на ZDHC Friend. Ова ја потврдува нашата заложба за имплементација на листата на ограничени супстанции (ZDHC MRSL) и користење на платформата ZDHC Gateway. Програмата ZDHC Roadmap to Zero нуди платформи, упатства и решенија што го поддржуваат одржливото управување со хемикалии низ синџирот на снабдување во индустриите за облека, обувки и текстил. Со нашиот статус како ZDHC Friend, се стремиме кон системски промени во сопствениот синџир и вклучување на нашите производители во спроведување на ZDHC принципи. Овие активности овозможуваат примена на најдобри пракси во одржливо управување со хемикалии и намалување на штетното влијание врз средината.

Управување со отпад

  • Во целиот синџир внимателно го сортираме отпадот. Дополнително, дистрибутивните центри имаат развиени системи за собирање отпад, што се испраќа директно на рециклирање.

Еколошки упатства за нашите добавувачи

  • Освен етичкиот кодекс, Pepco Group има воведено и еколошки упатства. Овој документ содржи насоки за стандардите што ги очекуваме од нашите добавувачи во поглед на системи за управување со животната средина, усогласеност со регулативите, намалување на емисија на стакленичките гасови, управување со отпад, ефикасна потрошувачка на вода, управување со хемикалии, заштита на природни ресурси и биодиверзитет и одговорно набавување на суровини.

Јаглероден отпечаток

  • Од 2021 година го следиме нашиот јаглеродниот отпечаток во Опсег 1 и 2 и заедно со Pepco Group ги пријавуваме емисиите од овие категории. Започнавме со анализа на емисиите од Опсег 3 и развиваме сеопфатна стратегија за декарбонизација на целата Pepco групација.

LED осветлување во продавниците

  • 100% од Pepco продавниците се опремени со енергетски ефикасно LED осветлување!

Каталог

  • Во 2022 година одлучивме да престанеме со печатење на нашиот каталог. Од сега, тој ќе биде достапен најмногу онлајн. Со ова ќе заштедиме 1.900 тони хартија годишно.

Квалитет и производи

Во Pepco, се стремиме кон висок степен на задоволството на купувачите, поради што квалитетот на нашите производи ни е многу значаен.

Нашиот оддел за контрола на квалитет е составен од стручни лица кои се специјалисти за контрола на квалитетот и ги следат перформансите, употребливоста и безбедноста на производите што им ги нудиме на купувачите на дневна основа. Дополнително, како дел од неговата соработка, одделот за квалитет соработува и со надворешни акредитирани лаборатории кои спроведуваат специјализирани тестирања за да ја потврдат усогласеноста и безбедноста на производите, како и нивната сообразност со стандардите на Европската Унија.

Нашите добавувачи и производители исто така се обврзани да се придржуваат кон сите европски стандарди и директиви за квалитет и безбедност. Во нашата понуда се повеќе производи се означени со надворешни сертификати што го потврдуваат нивниот квалитет, безбедност и потекло на материјалите од кои се изработени.

 

Совет за управување со шумите - FSC

FSC® воспоставува и промовира глобални стандарди за одржливо управување со шумите. FSC сертификатот се доделува на производи од дрво (како хартија, вклучувајќи и рециклирана хартија). Производите сертифицирани според FSC системот потекнуваат од сировини кои доаѓаат од легални извори, менаџери што практикуваат одржливо стопанисување со шумите и ги штитат вредните природни живеалишта.

Дознај повеќе

OEKO-TEX

  • OEKO-TEX® Standard 100 е водечка светска независна ознака за безбедност на текстилот, при што сите елементи на производот, од материјалот, преку принтовите, копчињата, патентите, етикетите, па сѐ до декорациите, сe испитуваат за штетни хемикалии.
  • OEKO-TEX® MADE in GREEN е комбинација од OEKO - TEX® Standard 100 сертификатот кој ја потврдува хемиската безбедност на производот, и OEKO - TEX STeP сертификатот, кој дополнително ги проверува и потврдува еколошките и социјални проблеми.

GOTS (Глобален стандард за органски текстил)

Асортиманот на памучни производи на Pepco содржи и производи со сертификат за органски памук. GOTS сертификатот ги опфаќа сите фази на производство на органски текстил, од потеклото на предивото и хемикалиите користени производствениот во процесот и вклучува верификација на општествените и еколошки стандарди.

TÜV Rheinland

Производите обележани со TÜV Rheinland ознаката за квалитет исполнуваат низа меѓународни и локални стандарди и поминуваат детално лабораториско тестирање. Сертифицирањето на производите, вклучително и испитувањата на безбедноста и усогласеноста со законските прописи, се врши со цел да се минимизираат ризиците од погрешен дизајн, како и да се спречи пласирање на пазарот на производи со штетни супстанции што можат да влијаат негативно на здравјето на корисниците. Процесот на сертифицирање на производите се состои од лабораториска анализа на производот, проверка (аудит) на производствениот погон, оценка на техничката документација и верификација на обележувањето на производот. Процесот на сертифицирање се крунисува со ознаката за квалитет TÜV Rheinland со клучни зборови. На веб-страницата Certipedia може да се видат проекти за сертифицирање на производи со ознаката TÜV Rheinland, реализирани во лабораториите на TÜV Rheinland ширум светот. Овие проекти се однесуваат на играчки, детски артикли и електрични производи.

Означување на производи

Покрај надворешните сертификации, Pepco нуди производи со други ознаки, специфични за дадена категорија на одредени продукти. Следниве ознаки на нашите производи ги потврдуваат резултатите од тестирањата реализирани во акредитирани надворешни лаборатории:

Директива RoHS (Ограничување на опасни супстанции)

Ограничува употреба на определени опасни супстанции во електрична и електронска опрема. Кога купувате производ со оваа ознака/пиктограм, знаете дека е тестиран за присуство на опасни состојки како олово, жива, кадмиум, хексавалентен хром, полибромирани бифенили (PBB) и полибромирани дифенил етери (PBDE) или фталати.

VOC проверено

Производот е без испарливи органски соединенија кои можат да се ослободат при високи температури од материјали како силикон и гума.

Без BPA

Бисфенол А (BPA) е хемиско соединение што се користи при производство на пластика и смоли, присутно во предмети како компакт дискови, стакла за очила и бебешки шишиња. BPA може да премине во храната поради оштетување или висока температура. Врз основа на независни тестови, утврдивме дека нашите производи не го содржат ова соединение.

Без PFOA

PFOA е киселина која припаѓа на перфлуорирани соединенија, најмногу користена за изработка на нелепливи облоги. Ова соединение е идентификувано како потенцијално штетно. Кога ќе ја видите ознаката „PFOA-free“, може да бидете сигурни дека производот не ја содржи оваа супстанција.

Без Cd Pb

Овој пиктограм потврдува дека производот е тестиран на присуство на тешки метали кадмиум и олово кои може да се појават во производи како керамика и стакло.

Соработка со организации

Во своето секојдневно работење, одделот за квалитет на Pepco се потпира на експертизата на стручни тела, со цел постојано унапредување и следење на стандардите и законските регулативи. Ние сме членки на две организации: POHiD (Полска асоцијација за трговија и дистрибуција) и Асоцијацијата за индустрија на играчки и детски производи.

POHiD (Полска организација за трговија и дистрибуција)

Допринесува во развојот на интегриран трговски и дистрибутивен систем. Во текот на 24 години работа, POHiD ја подобри репрезентацијата на интересите на деловната заедница пред јавните институции. Како движечка сила во унапредувањето на трговските услови, POHiD се фокусира на толкување и имплементација на европското право и националните прописи. Организацијата спречува неконзистентни толкувања и отстранува бариери во трговијата. Организацијата води дијалог со властите, е консултирана за инвестициски политики и учествува во креирање закони, настојувајќи да ги поедностави процедурите, да ги намали бирократските бариери и трошоците за труд за целиот трговски сектор во Полска.

Членка на Асоцијацијата за играчки и детски производи

Асоцијацијата ги обединува претприемачите од цела индустрија за детски производи во Полска. Нејзините цели се поддршка на економски активности, стручни консултации за производители, увозници и дистрибутери, како и создавање поволни услови за развој на пазарот со играчки и детски производи. Повеќе информации за целите и статутот на асоцијацијата се достапни на нејзината веб-страница.

Синџир на снабдување

Зад успехот на Pepco стојат луѓето, нашите вработени, но и нашите добавувачи и други деловни партнери со нивните тимови, кои ја поддржуваат континуираната експанзија на компанијата заедно со нас. Затоа постојано се стремиме да создадеме најдобра можна работна средина. Како одговорен работодавач, поставуваме високи етички стандарди за нас и го очекуваме истото и од нашите партнери.

Кодекс на однесување и аудит на добавувачи - како функционира?

Кодексот за однесување во синџирот на снабдување ги дефинира барањата на компанијата кон добавувачите за работни стандарди и почитување на човековите права. Секоја фабрика која произведува производи продавани од членки на Pepco групацијата (освен за сопствените брендови) мора да помине низ аудит на практиките. Фабриките кои се наоѓаат во Кина, Индија или Бангладеш се аудирани од независни ревизори одобрени од платформата SEDEX.

Аудит на добавувачи - како функционира соработката?

Тимот кој е одговорен за аудит внимава добавувачите да се придржуваат до етичките принципи. Тимот за усогласеност на Групацијата е одоговорен за повеќефазен аудит систем за нашите добавувачи. Овој аудит нѐ уверува дека работните услови во фабриките се безбедни, работниците се третирани согласно актуелните закони и добиваат фер надомест. Врз основа на ова, секоја фабрика добива оцена што ни овозможува да ги следиме можните неправилности, да реагираме брзо и да им предложиме препораки доколку има простор за подобрување.

SEDEX платформа

Со цел да промовираме взаемна доверба, транспарентност на информациите и усогласеност со етичките принципи, Pepco се приклучи на платформата SEDEX (Supplier Ethical Data Exchange). SEDEX е една од светските водечките платформи, со над 85.000 членки. Платформата повеќе од 20 години им помага на компаниите да управуваат со информации и практики поврзани со етички, социјални и еколошки стандарди во синџирот на снабдување.

Дознај повеќе

Мапиање на синџирот на набавки и еколошки насоки

Во 2022 година создадовме и усвоивме дополнителни еколошки насоки за нашите добавувачи: овој документ ќе ни помогне да започнеме соработка за еколошки практики во синџирот на снабдување. Во иднина, ќе ја прошируваме контролата на синџирот со постепено мапирање и надвор од директните добавувачи.

Вработени

Pepco вработува над 31.000 луѓе низ Европа. Нашата компанија брзо се развива токму благодарение на нашите вработени, кои и самите растат заедно со неа. Професионалниот развој го гледаме од две перспективи: од аспект на стратегијата и културата на компанијата и од аспект на индивидуалните потреби на вработените.

Нашата секојдневна работа се темели на посебна организациска култура, Pepcoolture, која се базира на нашата мисија, визија и вредности.

Нашата Pepcoolture

Тоа е начинот на кој ја реализираме нашата визија и мисија и ја препознаваме вредноста во сѐ што правиме. Петте вредности: раст, љубов кон клиентите, тимска работа, почит и едноставност кои нѐ обединуваат, без разлика на одделот, позицијата или културата. Благодарение на овие вредности, создаваме силен и интегриран тим кој учи од искуствата на своите членови и се поддржува во остварувањето на целите.

Развој на вработените

Развојот на вработените е клучен дел од нашата стратегија „Раст на компанијата, раст на луѓето“.

Во Pepco нудиме голем број можности за надградба на вашите вештини преку обуки, е-учење, курсеви и коучинг сесии. Со вработените редовно разговараме преку внатрешниот процес Performance & Development, што ни помага подобро да ги разбереме индивидуалните потреби и да ги поддржиме во постигнувањето сѐ подобри резултати. Еднаш годишно ги ревидираме зацртаните цели и планираме индивидуални патеки за развој, нудејќи персонализирани можности за унапредување на вашите вештини. Континуирано бараме и нови методи за развој. Динамичкиот раст на нашата компанија значи дека се развиваме како меѓународен тим, искористувајќи го потенцијалот на нашата различност во многу проекти.

Better Move

Во рамките на програмата Better Move ги поттикнуваме вработените да учествуваат во спортски натпревари во летните месеци. Нашите вработени собираат километри со одење, трчање и возење велосипед, а секој километар придонесува кон вкупниот износ што Pepco го донира на невладини организации. Во 2024 година нашите вработени поминаа вкупно 180.391 км, а Pepco поддржа пет невладини организации (од Полска, Литванија, Летонија, Романија и Италија) со донација од 30.000 евра. Средствата беа доделени на проекти што ги вклучија децата и младите во тешки животни ситуации во спортски и рекреативни активности за време на летниот распуст.

Нашите бенефиции

Кафетерија Worksmile

Интернет платформа на која вработените избираат за себе бенефиции од илјадници готови предлози.

Попуст за вработените при пазарење во Pepco

Настани за вработените

Редовни интегративни и мотивациски средби

SMART lunch

Програми за развој и учење на англиски јазик

Социјален фонд

Групно осигурување

Спортски иницијативи на вработените

Хуманитарна дејност

За Pepco, децата и организацијата на нивното слободно време, развој, образование и еднакви шанси во животот се приоритет во нашите општествени активности. Соработуваме со организации од јавен интерес, создаваме сопствени програми за помош и се вклучуваме како волонтери. Во секоја земја каде што работиме, реализираме различни иницијативи за деца.

Сите наши општествени проекти ги финансираме благодарение на профитот од продажбата на хуманитарни мечиња и кеси за пазарување.

Соработуваме со, меѓу другото:

Здружение на пријатели на децата

Здружението на пријатели на децата (TPD) е најстарата полска организација од јавен интерес, која се фокусира на помош на деца од средини изложени на ризик од социјална исклученост. Има установи и воспитни центри низ цела Полска.

Pepco и TPD соработуваат од 2018 година, благодарение на што штитениците на дневните центри низ целата земја цела година учествуваат во активности што ги развиваат нивните интереси, а за време на летото одат на летни кампови.

Заедно го реализираме и програмата „Cyfolatki“ и општествената кампања #wiemcorobić.

Оди на страницата на Здружението на пријатели на децата

Happy Kids

Како и Фондацијата Happy Kids, во Pepco веруваме дека сите деца заслужуваат праведно третирање и еднакви шанси! Затоа од 2020 година го поддржуваме проектот Happy Bus – летните мобилни игралишта нудат бесплатни атракции, работилници и спортски натпревари, кои позитивно влијаат на развојот на децата низ цела Полска.

Фондацијата Happy Kids води семејни домови за деца, се грижи за занемарени, малтретирани деца, од маргинализирани средини и деца без грижа од биолошките родители.

Оди на страницата Happy Kids

SOS Детски села

Здружението SOS Детски села во Полска се грижи за напуштени и сирачиња, работи во Полска веќе 40 години и има над 2400 корисници под своја грижа.

Заедно реализираме проекти фокусирани на активни форми на слободно време, летни патувања и развивање на таленти кај децата и младите кои се под грижа на SOS селата и Програмите за зајакнување на семејството.

Оди на страницата SOS Детски села

Проект Life.On

Life.On е заеднички проект на Pepco и Фондацијата Atalaya, која ја поддржува младината што ја напушта згрижувачката грижа во процесот на осамостојување и влегување во зрелоста.

Во рамките на Life.On, благодарение на финансиската и материјалната поддршка од Pepco, штитениците на Фондацијата ќе добијат помош во области како: реновирање и опремување на тренинг и социјални станови; професионални и едукативни курсеви, приватни часови; набавка на опрема и софтвер неопходен за развој на професионални вештини; развојни работилници, вклучувајќи интегративни патувања и планирање на кариера.

Оди на страницата на Фондацијата Atalaya

Фондација „Даваме сила на децата“

Телефонот 116 111, управуван од Фондацијата „Даваме сила на децата“, работи 7 дена во неделата, 24 часа на ден, и одговара на потребите на полските деца, кои најчесто поради својата возраст или/и потценување на нивните проблеми од страна на возрасните, се изложени на осаменост и чувство дека се сами со своите тешкотии, дека нема никој што би можел да им помогне.

Досега Pepco донираше 1,3 милиони злоти за поддршка на работата на Телефонот за доверба: 6000 часа работа на консултантите, кои примија околу 8500 повици, одговорија на околу 1000 пораки и спроведоа 110 интервенции за спасување на животот и здравјето на децата.

Оди на страницата на Фондацијата

Фондација Свети Никола

Фондацијата Свети Никола веќе 25 години се занимава со помош на деца и млади во потреба. Се специјализира во изедначување на образовните шанси.

Нашата соработка започна во 2020 година, кога купивме лаптопи за повеќе од сто деца кои беа дигитално исклучени за време на пандемијата. Во моментов доделуваме годишни стипендии за талентирани деца од сиромашни семејства и заедно помагаме на децата од Украина преку Пристаништата на Свети Никола. Го поддржуваме и развојниот програм посветен на млади општествени активисти – Академијата на лидери.

Оди на страницата на Фондацијата

Сопствени проекти

Pepcolandia

Pepcolandia е програма што им помага на децата, водена од ангажманот и добротата на нашите вработени. Благодарение на нив, локалните невладини организации добиваат грантови за проекти посветени на децата.

Минатата година поддржавме над 190 проекти во Полска. Програмата функционира и на други пазари каде што е присутен Pepco, вклучувајќи ги Романија, Бугарија, Чешка и Италија

Cyfrolatki

CYFROLATKI е специјална едукативна програма за безбедност на интернет реализирана во 2019 година во соработка со Здружението на пријатели на децата. Благодарение на Cyfrolatki, децата учат што се хејт и говор на омраза на интернет, како да се справат со нив и како безбедно да функционираат во сајбер светот.

Досега на работилниците, училишните часови и на случувањата подготвени самостојно од штитениците, учествувале над 1500 деца од 75 установи низ цела Полска.

Помагаме „со целосен пакет“

Секоја година организираме акција за поддршка на националната иницијатива „Szlachetna Paczka“. Стотици наши колеги и колешки од продавниците, дистрибутивните центри и Центарот за поддршка на клиенти заедно подготвуваат пакети за најпотребните семејства со деца.

Општествена посветеност

Сакаме да ја зголемиме свесноста за важни општествени прашања што ги засегаат децата и младите. Затоа, заедно со нашите партнерски организации, се вклучуваме во кампањи што ги охрабруваат купувачите одблиску да ги погледнат современите теми што ги засегаат младите и односот родител-дете.

Кампања „Домот започнува од срцето“

Веруваме дека секое дете и тинејџер има право да се чувствува слушнато, разбрано и прифатено во својот дом. Сепак, реалноста понекогаш се разликува од соништата – ние, возрасните, не секогаш го разбираме сложениот свет на емоциите кај децата.

Затоа, за да ги олесниме домашните разговори, подготвивме специјални карти за игра за емоции – може да се преземат бесплатно или да се игра онлајн на веб-страницата:

domzaczynasieodserca.pepco.eu

Кампања #wiemcorobić

Со цел да ги поддржиме децата и младите, ја ко-креираме кампањата на Здружението на пријатели на децата #wiemcorobić. Нашата цел е да ја зголемиме свеста кај тинејџерите, нивните родители и сите возрасни во нивната околина за појавите child grooming и sextortion, кои го загрозуваат безбедноста и приватноста на младите.

Дознајте како да избегнувате опасности, како да се однесувате и каде да барате поддршка кога детето ќе се најде во опасност или ќе претрпи штета:

wiemcorobic.pl

„Час за МЛАДИ ГЛАВИ“

Pepco го поддржа создавањето на националната, бесплатна програма за превенција „Час за МЛАДИ ГЛАВИ“ на Фондацијата UNAWEZA. Пилот-програмата започна во октомври 2023 година и се приклучија повеќе од 1500 основни и средни училишта – програмата опфати над 300.000 ученици низ цела Полска.

Благодарение на нашата поддршка, делумно беа покриени трошоците за реализација на програмата во училиштата, материјалите за родители и беше создадена едукативна бајка за менталното здравје.

mlodeglowy.pl

И купувачите на Pepco помагаат

Хуманитарни мечиња

Тие се меки, неверојатно симпатични и носат двојна радост. Нашите хуманитарни мечиња ве чекаат во продавниците во 12 земји каде што е присутен Pepco. 100% од добивката од нивната продажба се донира за поддршка на личниот развој, креативно слободно време и добросостојба на децата за кои се грижат локалните хуманитарни организации. Во [име на вашата земја], ја поддржуваме [име на организација].

Со купување меченце, нашите купувачи ја споделуваат својата добрина со децата!

Зошто вреди да купувате во Pepco?

Секогаш блиску до вас

Со речиси 4.000 продавници низ Европа, секогаш сакаме да бидеме блиску до вас.

Секогаш ниски цени

Во Pepco ќе најдете сѐ што ви е потребно по ниски цени.

Очекувај повеќе, плати помалку

Во Pepco ќе најдете добар квалитет, најнови трендови и широк избор на производи.

Купувајте со доверба

Имате право да го вратите производот во рок од 30 дена во која било продавница во земјата.