За деца
категорија

Есенската колекција за најмалите веќе е во Pepco!
Со раѓањето на детето започнува и едно ново поглавје за мајката. Новата улога носи многу убави моменти, но и бројни предизвици и силни емоции. Затоа сакаме да ви бидеме поддршка на секој чекор од ова посебно патување. Нашата мека облека и додатоци се создадени за удобноста, топлината и најубавите први моменти што ги поминувате заедно.

Слоевити комбинации, плетива пријатни на допир и опуштени кроеви за првите есенски излегувања – од прошетка во парк до секојдневно откривање на светот.

Природни материјали, нежни бои и внимателно одбрани детали – колекција создадена за најмалите. Сè за нивен мирен сон, безгрижна игра и убави моменти поминати заедно.

OEKO-TEX® Standard 100 е водечка светска независна ознака за безбедност на текстилот, при што сите елементи на производот, од материјалот, преку принтовите, копчињата, патентите, етикетите, па сѐ до декорациите, сe испитуваат за штетни хемикалии. OEKO-TEX® MADE in GREEN е комбинација од OEKO - TEX® Standard 100 сертификатот кој ја потврдува хемиската безбедност на производот, и OEKO - TEX STeP сертификатот, кој дополнително ги проверува и потврдува еколошките и социјални проблеми.

Асортиманот на памучни производи на Pepco содржи и производи со сертификат за органски памук. GOTS сертификатот ги опфаќа сите фази на производство на органски текстил, од потеклото на предивото и хемикалиите користени производствениот во процесот и вклучува верификација на општествените и еколошки стандарди.

FSC® воспоставува и промовира глобални стандарди за одржливо управување со шумите. FSC сертификатот се доделува на производи од дрво (како хартија, вклучувајќи и рециклирана хартија). Производите сертифицирани според FSC системот потекнуваат од сировини кои доаѓаат од легални извори, менаџери што практикуваат одржливо стопанисување со шумите и ги штитат вредните природни живеалишта.

Производите обележани со TÜV Rheinland ознаката за квалитет исполнуваат низа меѓународни и локални стандарди и поминуваат детално лабораториско тестирање. Сертифицирањето на производите, вклучително и испитувањата на безбедноста и усогласеноста со законските прописи, се врши со цел да се минимизираат ризиците од погрешен дизајн, како и да се спречи пласирање на пазарот на производи со штетни супстанции што можат да влијаат негативно на здравјето на корисниците. Процесот на сертифицирање на производите се состои од лабораториска анализа на производот, проверка (аудит) на производствениот погон, оценка на техничката документација и верификација на обележувањето на производот. Процесот на сертифицирање се крунисува со ознаката за квалитет TÜV Rheinland со клучни зборови. На веб-страницата Certipedia може да се видат проекти за сертифицирање на производи со ознаката TÜV Rheinland, реализирани во лабораториите на TÜV Rheinland ширум светот. Овие проекти се однесуваат на играчки, детски артикли и електрични производи.

Better Cotton е водечка светска иницијатива за одржливо одгледување памук. До денес, Better Cotton има обучено 2,4 милиони земјоделци за поодржливи земјоделски практики: намалување на потрошувачката на вода, грижа за здравјето на почвата и природните живеалишта, ограничување на употребата на пестициди и почитување на благосостојбата и правата на работниците. Pepco е првата компанија од Полска што стана дел од оваа иницијатива. Во нашите продавници веќе можете да најдете производи со ознаката Better Cotton. За нашиот памук го користиме моделот на синџир на снабдување „материјален баланс“. Ова значи дека иако памукот Better Cotton се меша со конвенционалниот памук и не може физички да се следи до одредено парче облека, вашето купување поддржува поодржливи земјоделски практики ширум светот.

Во Pepco се обврзавме да набавуваме 25% од нашиот памук преку програмата Better Cotton до 2025 година, а 2023 година ја завршивме со резултат од 21%. Со инвестирање во Better Cotton, помагаме и во намалување на потрошувачката на вода и пестициди. Се проценува дека во 2023 година, благодарение на набавката на памук преку програмата Better Cotton, заштедени се 15.000 m³ вода и употребени се 9.031 kg помалку пестициди! Преку набавка на памук преку BC, придонесуваме за подигнување на стандардите за производство на памук, истовремено поддржувајќи ги земјоделците и локалната средина. Повеќе информации на: bettercotton.org
ставете се себеси на прво место
Со речиси 4.000 продавници низ Европа, секогаш сакаме да бидеме блиску до вас.
Во Pepco ќе најдете сѐ што ви е потребно по ниски цени.
Во Pepco ќе најдете добар квалитет, најнови трендови и широк избор на производи.
Имате 30 дена да го вратите производот во која било продавница.